| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварка нападната од манијак: Ја чекал да влезе во зграда за да ја силува

Во Полициската станица Гостивар, 48-годишна жена од Гостивар околу полноќ пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее.

-Кога влегла во влезот од зградата, по неа влего и лицето, ја фатило за рака и и се обратило со вулгарни зборови. Таа почнала да го удира со чантата, ја отворила вратата од зградата и го турнала надвор на улица, по што почнала да вика, а лицето побегнало во непознат правец, информираат од полицијата.

По преземени мерки, а поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен Ј.К. (29) од с.Требиште, дебарско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top