Британската влада е категорично против идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за поделби на територии, изјави синоќа амбасадорот на Велика Британија во Косово Руари О’Конел, во интервју за приштинската телевизија Т7.
– Границите се пишуваат со зборови, но се менуваат со куршуми, изјави О’Конел, додавајќи дека промената на границата меѓу Косово и Србија би предизвикала и други преседани на Балканот.
Тој, како што јави дописникот на МИА од Приштина, рече дека не ја гледа разликата меѓу „корекција на границата“, како што тоа го нарекува Тачи, и размена на територии.
Според О’Конел, нормализација на односите меѓу Косово и Србија во моментов нема, но финалниот дијалог и конечниот договор тоа бездруго ќе го донесат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


