| четврток, 6 декември 2018 |

Бујар Османи: Кампањата на владата ќе биде пропагандистичка, подмолна и измамничка!

 Алдо Климан

Вицепремиерот на трагикомичната квинслишката влада на Зоран Заев, Бујар Османи, изјави дека „референдумската кампања повеќе ќе биде информативна отколку пропагандистичка“ и оти „граѓаните немаат потреба да бидат убедувани, туку треба да бидат информирани за прашањата од договорот“ (со Грција – м.б.).

Но, во духот на заевскиот велепредавнички и измамнички „висок дом“, од каде што доаѓаат само бедни лаги, тоа што Османи го рече може да значи само едно: дека таа црна кампања ќе биде жива гебелсовска пропаганда и крајно подмолна и измамничка.

Сите добро се сеќаваме дека Заев и неговата велепредавничка и големоалбанска клика се искачија на власт само со безобѕирна пропаганда, неспитомливо насилство, лаги, измами и уценувања, па се разбира и со нивни взаемни уцени и политички закани. Колку ли само пати големоалбанците од таборот на Заев јавно му ја повторија уцената дека само тие го држат на власт, и ако не ги исполни нивните големоалбански барања ќе се повлечат од неприродната, валкана коалиција. Е, со тој „цивилизиран“ стил на пропаганда, уцени и лаги, лаги и уцени, „облагороден“ со полициски и други застрашувања, тие „застапници на вистината и правдината“ интензивно „работеа“ сиве овие долги изминати 15 месеци откако ја узурпираа власта.

И сега, при донесувањето судбоносни одлуки за македонскиот народ и за Република Македонија, ние би требало да им веруваме на тие и такви беѕобѕирни типови и на нивните мазни и лизни предреферендумски „фини“ изјави дека ќе не‘ „информирале“!

На актуелниот заевско-бујаросмановски референдумски пропаганден тим „со европски манири и европско знаменце“ очигледно сеуште не му е јасно дека нештата се сменија, дека македонскиот народ сосема прогледа, се освести, и со ширум отворени очи виде со какви неранимајковци и гнасови има работа, и оти е многу добро информиран дека незаконскиот, неуставен и неморално обмислен референдум за промена на Уставот и на уставното име на Република Македонија, со осумзначно прашање (ееејјј!), е обмислено на курнаски, уличарски начин, длабоко расипано и со предумисла и валкана цел граѓаните да бидат заведени и збунети, и да не можат да одговорат едноставно, јасно и еднозначно со „да“ или со „не“. Но таа црна велепредавничка предумисла е сосема и до крај прочитана и презрена од македонските граѓани.

Освен тоа, големоалбанскиот компањон на велепредавникот на својот народ Зоран Заев, Бујар Османи, смета дека сите се слепи и глупи како спомнатиот Заев, и оти никој не ја гледа подмолната стапица во неговата ептен плитко-политичка пропагандна и измамничка изјава кога вели дека граѓаните немаат потреба да бидат „убедувани“, туку „информирани“!

Зашто еве како стојат работите.

Албанскиот дел од граѓаните, и притоа не мислам на сите граѓани од албанската народност, туку зборувам за она нивно сепак значително мнозинство што ја поддржува големоалбанската политика на сплотените ништители на Република Македонија, Али Ахмети и Зоран Заев, никој воопшто не треба да ги „информира“ (ниту пак нив тоа ги интересира!) во врска со тоа што значи референдумското потврдување на капитулантскиот тнр. Преспански договор, те. дека тоа е крај на самостојна и суверена Република Македонија и крај на македонскиот народ, зашто тоа сосема се вклопува во сите големоалбански планови и проекции, кои не се само нечии фантазии и фантазмагории, туку жива, груба, антицивилизациска и антиевропска реалност што секој ден дрско заканувачки ни ја поттураат под нос, и не само нам во Македонија, туку и на цела денешна импотентна политичка Европа, која, сета во сопствени внатрешни грчови, едвај нешто фрфнува низ заби против тие мрачни намери и интенции, и не сонувајќи колку веќе е и колку допрва ќе биде висока цената на тој беден меѓународен молк и толерирање на големоалбанските експанзионистички најави и притисоци.

Затоа, ниту Зоран Заев ниту Бујар Османи воопшто не треба да се „мачат“ најголемиот дел од албанскиот електорат во Република Македонија да го „информираат“ за референдумот, зашто таа работа е веќе свршена, и тие граѓани за тоа се супер „информирани“, а за тоа да ги „убедуваат“ пак воопшто нема смисла да арчат ниту време ниту средства, бидеќи тие веќе одамна се „убедени“ што треба да прават и на референдумот цврсто ќе се држат, или ќе мораат да се држат кон своите „убедувања“.

О друга страна, македонскиот дел од електоратот, како и оној дел што го сочинуваат припадниците на другите етнички групи во Република Македонија, турците, ромите, власите, србите, бошњаците и други, никој не треба да ги „информира“ дека отсекогаш му припаѓаат на европскиот културен круг и на европскиот цивилизациски корпус и оти со децении и со векови во Македонија го остваруваа и го остваруваат својот непречен соживот според европските критериуми и традиции. Па зарем со векови се чекало еден проѕирен големоалбански пропагандист Бујар Османи да ги „информира“ и да ги освестува сите нив, и особено најбројните македонци, дека отсекогаш биле и дека се незаобиколен дел од големото европско семејство во чиј историски и цивилизациски подем се вградени и духот и националните културни и историски вредности и дострели на македонскиот народ.

Затоа, единствената подмолна, расипана и деструктивна причина на покренатата пропагандна артилерија на квинслишката и големоалбанска влада за излегување на референдумот не е намерата да го „информираат“, туку онака како што знаат и умеат, со поткупување, притисок и безочни лаги да го „убедуваат“ македонскиот народ да го прифати заевско-грчкиот тнр. Преспански договор и за сите времиња суицидно да се поништи себе си и од светската историја и од мапата на светот засекогаш да ја избрише својата единствена татковина Република Македонија.

А мазните и лизните сладникави големоалбански изјави на Бујар Османи дека „нема да вршеле пропаганда“ туку само ќе го „информирале“ народот за „доблестите“ на референдумот и на неговиот „позитивен исход“ ги читаме само во ваков единствено реален превод: „кампањата на владата ќе биде пропагандистичка, подмолна и измамничка!“

Но ако Бујар Османи и целиот тој политички кримоген и антимакедонски тим собран околу референдумското пеколно зло баш вистински сакаат да ги информираат граѓаните на Република Македонија за катастрофалната, ништителска погубност на референдумот за велепредавничкиот и капитулантски заевско-грчки договор, едноставно нека си приштедат и труд и напори и нека ги упатат на беспрекорните, точни, непобитни научни толкувања на доц. д-р. Димитар Апасиев, потпрени врз Уставот и законите на Република Македонија и врз најпозитивните искуства на меѓународното право, кој меѓу другото истакнува дека референдумското прашање е и спротивно на европските стандарди, утврдени од Венецијанската комисија. (https://republika.mk/948975).

Ете, на тој сигурен и проверен начин, господине големоалбанецу Османи, граѓаните на Република Македонија ќе бидат вистински и објективно информирани за страшните последици од излегувањето и учествувањето на незаконски покренатиот референдум и особено (да не даде Господ!) од прифаќање на велепредавничкиот, капитулантски заевско-грчки тнр. Преспански договор, а никако со вашето сирово пропагандно големоалбанско „информирање“, те. „убедување“ на македонскиот народ да се самоубие.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top