Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го прифати предлогот за негово разрешување, поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Премиерот Зоран Заев смета дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски.
-Исправен пред заканите за него и за неговото семејство, Велковски ја направил грешката. Владата утре ќе го разгледа предлогот за негово разрешување и ќе донесе одлука. Не сме размислувале кој ќе го наследи доколку предлогот биде прифатен, веројатно ќе ни треба време за одлуката, рече премиерот Заев.
Тој нагласи дека за една година и два месеца, колку што постои оваа Влада, биле разрешени повеќе од 20 луѓе и дека кој и да згреши, треба да одговара.
МВР извести дека директорот Велковски на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција оти тој бил зафатен со прославата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


