| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден бугарски стап од Радев по свитката кичма: Фејсбук не е доволен, Заев да се извини официјално

Румен Радев, претседателот на Бугарија, изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

– Вие слушнавте да име извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не ги коригира зборовите. Не ми е јасно зошто бураските власти не реагираат. За мене е пеприфатливо евроатланската перспектива на Макеоднија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интересите на Бугарија да станат жртва на политички пи-ар. Очекувам од власта на Бугарија јасно заложени параметри кои ќе бидат споделени на официјален начин во односите со Македонија. Ги имаме сите параметри за дополнителен анакес за Договорот за добрососедски односи со Македонија – рече Радев во изјава за новинарите.

Заев не се извини експлицитно, но изрази жалење на Фејсбук откако неколку дена претходно изјави дека „Илинденското востание е македонско“, на што реагираа официјални функционери во Бугарија и лидери на партии од таа земја.

Заев со цел да ги смири тензиите изрази жалење на Фејсбук, а бугарските медиуми тоа го протолкуваа како извинување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top