Единаесетгодишно момче е тешко повредено откако автобус удри во него. Сообраќајката се случила вчера во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга кога автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишното момче од Струга.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.