| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Вергара ги учи мажите што треба да знаат за жените

Глумицата Софија Вергра е една од најсексипилните жени во светот и открива пет работи кои мажите, едноставно, мораат да ги знаат за жените.
Прочитајте ги советите на Софија за сексот, плаќањето сметки во ресторан, подароци…

Првиот впечаток води во кревет.
„Штом ќе запознам маж, знам дали сакам да правам нешто секси со него.Никогаш не ми се случило некој сексуално да ме привлече шест месеци откако сум го запознала. После првото излегување јасно ми е дали тука има хемија или не – потоа само се обидувам да сфатам каква личност е“.

Не не привлекува одреден тип на маж.
„Ми се допаѓале ниски фраери, сега ми се допаѓаат високи. Сум била и со типови кои не биле во форма и со оние кои биле, сум излегувала со привлечни и со неугледни мажи. Мажот може да биде интересен – а не совршен. Сексипилот нема врска со вајаното тело или убавото лице. Сексипилот е одлика“.

Сакаме подароци но мразиме изненадувања.
„Мажите се навредуваат кога на жената ќе и купат нешто скапо а таа тоа не го носи. Поштедете се од стрес и – прашајте. Одговорот би можел да биде:’Знаеш што? Само што купив обетки и со задоволство би ја носела оваа нараквица’“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top