| четврток, 6 декември 2018 |

Масовно: Полицајци добиваат џекпоти во коцкарниците во Македонија (ФОТО)

Несекојдневна појава во македонските коцкарници. Како никогаш досега, џекпотите завршуваат во џебовите на полицајците. И токму кога помисливте дека текстот ѝ припаѓа на нашата рубрика Двоглед, доаѓа шлаканица од македонската полиција. Почитувани читатели, свесни сме дека во последнава година се изнагледавте и се изнаслушавте, а и на свој грб почувствувавте каков башибозлук ја запоседнал полицијата, но ова досега сигурно не сте го виделе.

Полицаец и полицајка седнати во коцкарница на автомати и играат за џекпот. Невидено, но за жал, во Македонија, далеку од ненормално.

Кога може полицијата да биде такси-служба за децата на вработените во МВР, кога може да апси веќеуапсени терористи, да паркира непрописно само затоа што е полиција, зошто да не можат полицајци во работно време да свртат една на автомат.

Вчерашната „акција за апсење на терористи“ била лажњак – полицијата само транспортирала веќе уапсени терористи?!

Оваа тажна слика е уште еден доказ дека со МВР владеат структури кои се неспосбни да воведат ред и полицијата да го добие соодветното место во општеството. Наместо да поттикнат на ред и да бидат пример, полицајци седнати на автомати оставаат впечаток дека во оваа земја секој може да прави што сака, да ја погазува службата, а над се државата.

Нема почит македонската полиција, а ако робата смрди од главата, вината е само нивна – Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top