| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Маркл за 37. роденден ја доби најсуровата честитка од сестра си

Иако со години не контактирале, полусестрата на Меган Маркл не престанува јавно да ја прозива новопечената војвотка од Сасекс.

Огорчената Саманта Грант повторно „отвори оган“ на новата членка на кралското семејство, и тоа на нејзиниот 37. роденден. Бесната Саманта тврди дека Меган не му испратила честитка на својот татко за неговиот роденден кој бил на 18 јули.

Во јавноста кружи приказната дека Меган и татко ѝ Томас не зборуваат уште од нејзината венчавка во мај, по која тој во едно телевизиско интервју ги откри телефонските разговори што ги имале спроти венчавката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top