Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, заедно со неговите гости, ноќта спроти Илинден, во Охрид, на Античкиот театар одржа незаборавен концерт. „Бистра вода“ го означи почетокот на музичкото патување кое Влатко им го приреди на присутните кои сите до еден стоејки и аплаудирајќи го следеа неговиот настап. Преполниот Антички театар, и одвнатре и однадвор се претвори во храм на музичко доживување со непопвторливата изведба на „Абер дојде Донке“, „Огрејала јасна месечина“, „Зошто си ме Мајко родила“„Чукни во дрво“, „Скопје“, Калајџиско оро“…
-Добровечер драги дами и господа. Голем поздрав од мене. Добровечер во Охрид, во античкиот амфитеатар. Добровечер на Македонија. Голем поздрав до сите гости и туристи кои се во моментов овде, случајно или намерно . Големо задоволство ми е по четвртти или петти пат да свирам на овој навистина прекрасен простор, на оваа магично и мистично место. Верувам дека ќе имаме прекрасна вечер, се гледа ѕвездено небо за разлика од претходните ноќи и денови. Верувам дека ќе имаме добро време и имаме добро време. Ги имаме сите услови да поминеме една прекрасна вечер заедно. Фала ви многу што дојдовте и што имате доверба дека ќе ве забавувам и дека ќе направам заедно со моите гости и пријатели вечер за паметење, рече Влатко на почетокот на концертот, а потоа ги изведе „Jовано, Јованке“, „Море сокол пие“, а гитарски ја изведе „Успаванка за Радмилу М“ од „Бијело дугме“, во чие снимање во М2-МРТВ соевремено учествувал самиот.
Охрид, градоѕ домаќин го поздрави со „Мирно лето охридско“, „Џипси сонг“, „Чувам ноќ од будних“… , а во изведбата на „Јано мори“ му се придружи „Љубојна“, но кулминација на сцената настана со настапот на Теодосиј Спасов од Бугарија и хармоникашот Танос Ставридис од Грција, кој беше проследен со овации.
Биља Крстиќ од Србија заедно со Влатко ја изведе „Калајџиско оро“ и „Димитријо, сине Митре“, а во чест на неодамна починатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ , гитарски ја оствири „Молитва за Магдалена“.
-Ова е Балкан во мало, ова никаде го нема, освен во Охрид- рече Влатко. Атмосферата кулминираше во тие моменти, на кои потоа се надоврза и оперската дива Весна Гиновска Илкова со „Учи ме мајко карај ме“, „Македонско девојче“ и „Time to say goodbye“. Двата биса беа изведени од Влатко и сите негови гости, „Скопје“ и „Чукни во дрво“.
фото:publicitet.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концерт на Влатко Стефановски во охридскиот Антички тетар
-
Влатко Стефановски: Охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни
-
Настап на Влатко Стефановски на патрониот празник на општина Илинден
-
„Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски на 1 август на Антички театар во Охрид