| четврток, 6 декември 2018 |

Стоиљковиќ: Немаме намера да бидеме кумови, ќе го бојкотираме референдумот

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, во изјава за српскиот јавен сервис РТС изјави дека поголемиот процент на Србите во Македонија ќе го бојкотираат референдумот.

-Нашата одлука е да не учествуваме во прашања кои се однесуваат исклучиво на македонскиот народ. Ние немаме намера да бидеме кумови во овој политички процес. Претставниците на српската заедница во Македонија со големо мнозинство од 73% ќе го бојкотираат референдумот – посочи Стоиљковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top