Хрватскиот новинар Драго Пилсел побара аеродромот во Сплит да го носи името на неодамна починатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ.
– Ве повикувам да ни се приклучите на мене и мојата сопруга Клаудија во акцијата со која бараме од Владата на Хрватска. да се преименува аеродромот на Сплит со името на Оливер Драгојевиќ.
Оливер е неповторлив и незаменлив. Симбол на Сплит и Далмација. Сакаме да ви кажеме дека можеме тоа да го постигнеме. Оваа петиција ја шириме понатаму. За Оливер – повика Пилсел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.