Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земоделските стопанства,девет години по последната значјна статистичка операција.
За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат,по своја волја, етничката и верска припадност.
Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и тоа со задолжителни и незадолжителни прашања.
-Формуларот за попис ќе биде поделен на два столба, суштествени прашања на кои граѓанинот задолжително треба да даде одговор и несуштински прашања на кои не е должен да одговори. Прашањата се однесуваат на географските и демографските карактеристики, миграцијата, економските карактеристики на населението, за лицата со посебни потреби, има некои прашања во врска со карактеристиките на земјоделството и етно-културните карактеристики,- вели Ибрахимај.
Таа посочува дека по првпат попишувачот ќе го поставува и прашањето за верската припадност,но бидејќи тоа е лично право на секој поединец,ова прашање не е задолжително да се одговори.
– Во формуларот ги поставуваме прашањата за етничката и верска припадност,но на нив одговорот не е задолжителен. Даваме можност секој поединец слободно да одговори или не на овие прашања.Тоа со цел да се избегнат многуте дебати присутни при претходните пописи,-нагласува Ибрахимај.
Со цел да се надминат проблемите со личните податоци, Инситутот,во подготовката на формуларот соработувал со Комесарот за заштита од дискриминација и ги почитувал стандардите на европските земји, Обединетите нации и Канцеларијата за статистика при ЕУ,Евростат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст