| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински се прости од Оливер: Бакни ми го Тоше и запејте една

Фото: Индекс.хр

Хрватскиот поп пејач Тони Цетински кој преку социјалните мрежи се прости од својот драг колега.

„Драги мој. Ништо повеќе нема да биде исто по твоето заминување драги наш Оливер. Сите твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца се моменти кои никогаш нема да ги заборавам.
Морам да ти признаам дека те сакав како да си ми татко, а по душа понекогаш ми беше и како помлад брат. Од тебе најмногу учев бидејќи и од тебе најмногу добивав.
Ти им даваше на луѓето и пријателите и не се штедеше во тоа. Во тие дела лежи уште една од тајните на твоето постоење и работа.

Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно да се биде врвен уметник туки и ЧОВЕК и поради тоа имаш големо БЛАГОДАРАМ.

Длабока болка во прстите и голема празнина во мислите има во мене. Песните кои ни ги остави сега се единствена утеха. искрено сочуство до целото семејство. Неизлечлива болка.

Те сакам и секогаш ќе те сакам.

PS: Те молам само уште за едно

Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И на него ти му беше пример и пат кој треба да се следи“, напиша хрватскиот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top