| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Талат Џафери блесна во дизајнерска венчаница

Голема радост во семејството на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Вечерва, во еден познат гостиварски ресторан, е свадбената веселба на неговата ќерка Бесијана. За најважниот ден во животот Бесијана избра раскошна венчаница, со потпис на познат дизајнер.

Ќерката на Талат му кажа „да” на Лабинот Беќири, со кој неколку години биле во голема љубов.
Свадбата траеше неколку дена и беше спој на традиционално и модерно.

Собранискиот спикер заигра од срце на свадбената веселба на неговата најголема слабост. Џафери,  освен ќерката Бесијана, има и син, кој се ожени во 2015 година. На неговата свадба тогаш запеа Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

извор: Вечер прес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top