Македонки и Македонци, македонска почва, Македонија е една и грчка“. Вака Теодорос Караоглу, министерот за Македонија и Тракија во владата на Грција, им се обрати на присутните грчки организации од дијаспората на собирот по повод 100 години од Букурешкиот договор, што се одржа во Литохоро, јави дописничката на Канал 5 од Атина.
– Нека го имаат на ум сите оние кои инсистираат скандалозно да ја фалсификуваат историјата, обидувајќи се да присвојуваат нешто што не им припаѓа. Ние имаме одлична историја и нема потреба да ја создаваме. Имаме богата култура и не злоупотребуваме соседни земји. Многу сме горди што имаме македонско потекло, многу сме горди што сме Грци. Нашата земја работи за просперитет, мир и стабилност на Балканот и соработка во рамките на Европската унија. Оваа визија може да се реализира само доколку сите народи од Југоисточна Европа, заедно работиме напорно, за да развиеме пријателски односи, односи на меѓусебно почитување и разбирање, почитувајќи ги правилата на меѓународното право – порача министерот Караоглу.
Тој во својот говор зборуваше за стогодишнината од ослободувањето на Македонија. Премиерот на Грција, Антонис Самарас, не присуствувал на собирот во Литохоро, село над Лептокарија и Неи Пори, каде што традиционално летуваат голем број Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.