Еден месец откако беше смртно претепан младиот комита се уште нема потерница по Ј.Љ., третоосомничен за свирепото убиство на Никола Саздовски Саздо.
Според обвинителството течел законскиот рок за обвинителството да распише централна и меѓународна потерница велат од ОЈО за Алфа.
„За да се обезбеди законска имплементација на распишувањето на потерница и идната екстрадиција да е легитимна за водење на натамошна постапка, има потреба да се обезбеди писмено известување дека конкретниот осомничен кој сега е осомничен за кривичното дело ‘убиство извршено на свиреп начин’ е недостапен. По добивање на писменото известување за недостапност на осомниченото лице, надлежниот јавен обвинител веднаш ќе распише домашна и меѓународна потерница“ – изјавиле од ОЈО за Алфа.
Зошто обвинителството досега не ги обезбедило писмените известувања од судот, нема одговор.
Уште понејасно е што обвинителство чека МВР писмено да ги извести кога со истрагата за убиството на Никола Саздовски раководи токму обвинител и дава наредби и насоки за полицијата да обезбедува докази.
Саздовски беше претепан до смрт на 29 јуни. Критичниот ден полицијата ги уапси Скендер Д. (19) и Бесир Б. (20), двајцата од Скопје, а Ј.Љ. избега.
Осомничените прво се гонеа за кривично дело насилство со смртни последици, но пред 10 дена обвинителството го преквалификува делото во „убиство на свиреп начин“.
Јавноста и навивачката група ,,Комити“, чиј член беше Саздо гневни поради неправедната судбина на младиот скопјанец протестираа сомневајќи се дека некој свесно прави пропусти за да ги заштити свирепите убијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст