| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалската ѕвезда повторно на колена: Диего Марадона ја запроси својата девојка Роција Олива

Поранешниот фудбалер Диего Марадона ја запроси својата девојка Роција Олива на нејзиниот 28 роденден со дијамантски прстен и со поддршка на 47 гости. Девојката се согласи а сето тоа помина низ нејзините и солзите на нејзината мајка Моника, пишува „Сан“. Следувала прослава во Буенос Аирес, а педесет и седумгодишната фудбалска легенда подготвена е за уште еден брак. Гостите славеле со „Дом Перињон“ а до раните утрински часови ги забавувал аргентинскиот пејач Ел Полако.

=Среќна сум што ова ми е последниот роденден кој го славам како слободна жена и што следните ќе ги славам со тебе. Моите желби денеска и засекогаш се да бидам среќна со Диего, мојата мајка и баба да живеат засекогаш и сите да бидат здрави,  изјавила славеничката и идната жена на Диего.

Марадона својата свршеница ја запознал во 2012 година, а од првата сопруга Клаудија Вилафан се развел во 2003 година, после 17 години брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top