Владата ќе даде 6 милиони, а Град Скопје еден милион денари на Грција како помош за настраданите и за штетите од пожарите близу Атина.
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека со одлука на Владата донесена е одлука за интервентна помош од 6 милиони денари, а ќе се формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе ја договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.
-Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за големите загуби и жртви од катастрофалните пожари во Грција, во околината на Атина. Изразуваме сочувство до пријателскиот грчки народ и длабока жалост за загубените животи до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели, напиша Заев на Фејсбук.
Од Град Скопје велат дека веднаш ќе дадат еден милион денари помош на Атина за настраданите во пожарите.
-Ова е прва итна мерка на Град Скопје и остануваме отворени за било каква помош доколку дополнително се побара, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов, кој на 27 април годинава со неговиот атински колега Јоргос Каминис потпишаа договор за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


