Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење организиран криминал оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој.

„Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“, сооопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
Повикот за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој ја разбранува јавноста, откако медиумите објавија дека фирма на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец добила грант од 10 милиони денари преку печатницата ,,Гинис” од Прилеп чиј косопственик е пратеникот од СДСМ. На повикот бил одобрен проект и за Фирма во која малцински сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев и таа ќе земе 160.000 евра од државата како поддршка.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ Хари Локвенец чии фирми во содружништво со други добија грантови од овој Фонд, по реакциите од јавноста, ги повикаа да се откажат.
По бурните реакции во јавноста за доделените грантови, од Фондот за иновации и технолошки развој вчера соопштија дека немаат мандат, ниту обврска да вршат анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да вршат проценка на нивната политичка подобност. Од таму велат дека целосно стојат зад процедурата и, како што велат, транспарентниот начин на кој е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата.
„Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно. Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста“, се вели во сооппштението на Фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


