
Во рамки на тендерот за иновации на Фондот за иновации македонската влада ќе инвестира во реинкарнација. Иако звучи како шега, сепак во официјалниот документ за доделените средства стои токму овој збор “реинкарнација” како активност која е помогната од владата.
Средствата во висина од 2 милиони и 150 илјади евра за реинкарнација ги добила фирмата Микомп ДОЕЛ од Прилеп.

Реинкарнација, буквално значи „повторно да се родиш во тело“. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие, после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа, „повисоко јас“ или „вистинското јас“, „божествена искра“ или едноставно „јас“.
Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации. Кај нас очигледно реинкарнацијата се води како иновација.
(извор – Експрес.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


