| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Николоски: Менуваат име за да крадат!

Александар Николоски на својот Фејсбук профил го искажа револтот од  криминалните набавки..

Менуваат име за да крадат!

Изминативе две недели додека јавноста се занимаваа со промената на името на Македонија и обезличувањето на Македонците, се занимава со тоа дали ќе има и каков ќе е референдумот, како ќе гласи евентуалното референдумско прашање, дали и колку лидерски средби имало, значи во истиов овој период владата на СДСМ и ДУИ безмилосно краде од Буџетот! Една кратка листа на овие кражби:
– Тендер за лабаратории вреден 35 милиони евра со еден понудувач кој ја формирал фирмата само неколку дена пред да почне тендерската постапка
– Кочо Анѓушев Потретседател на Влада кој треба да ја оправа Македонската економија си додели сам на себе 160 000 евра
– Хари Локвенец пратеник од СДСМ си доби 10 милиони денари
– советничка на Заев стопира наплата на фирма ( сеуште има протести пред Влада за тоа) затоа што најверојатно не добила мито
– МЕПСО ќе потроши 350 000 евра за столици од кои не боли грбот и кујни во кои веројатно храната сама се готви, зашто обичен свет за кујна троши 500-600 евра
– во Тетово ќе се гради театар од ни помалку ни повеќе туку 40 милиони евра
– и за шлаг на тортата ќе си купат нови коли вредни 1 700 000 евра

Во меѓувреме ќе замајуваат со името и референдумот. Вистината е дека дојдоа на власт за да карадат! И затоа ден поскоро мора да заминат и за се ова да одговараат! Правдата ќе ги стигне!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top