Џабе му беа жиците од гитарата, попусто се колнеше во децата кога ставот го менува како што ќе задува.
Годините откако Заев на политичката сцена во Република Македонија ќе бидат запишани во историјата како години на политичка конфузија и катастрофа.
Заев тврдеше дека нема да се менува уставното име на Република Македонија и ги уверуваше граѓаните да бидат спокојни и дека уставното име не е тема на разговор. Заев овој став го промени и сега ги убедува граѓаните дека не е страшна промената на уставното име. Сепак, уставното име не само што било тема на разговор туку Заев прифати негова промена, а уверувањето дека траба да бидат спокојни да го заборават. Во истото видео на 21ТВ, Заев кажува дека одлуките ќе оди на референдум, за да одлучеле граѓаните. За да одлучат граѓаните на референдум за промена на уставното име, кое немаше да се менува ќе имаше варилабли, референдумот треба и мора да биде задолжителен. Задолжителнот референдум е обврзувачки и одлуката мора да се прифати, додека консултативнио референдум и резултатот постигнат на истиот не е обврзувачки за државните органи и постои можност да се изигра. Неконзистентните ставови на премиерот и спротивставените изјави кои што ги даваше во минатото со тоа што го прави денес 100% е сигурно дека нема да биде онака како што уверуваше Заев во април 2017.
Запрашан дали ќе дојде до промена на уставното име на државата, Заев велеше додека дишел овој македонски воздух и додека го држи памет, дека неговиот дедо, татко, лично тој, неговите син и ќерка се Македонци, родени тука во Македонија тоа не може да се случи. Тогаш Заев не веруваше дека постои роден човек кој е спремен да излезе пред парламент и да бара промена на устав со цел промена на уставното име.
Често го повторуваше тогашниот став и велеше дека не постои човек кој што би дозволил промена на устав и промена на нашиот идентитет. Во предвечерието на парламентарните избори говореше за црвени линии и дека тоа се дека нема да има промена на уставото име и идентитетот, линии кои ги заборави и почна интензивно да ги поддржува грчките ставови. Во овој нерамноправен спор околу нашето уставно име и идентитет Македонија остана во незавидна положба бидејќи оние сто требаше да ги штитат интересите застанаа во одбрана на спротивната страна од спорот.
За само една година Заев целосно го промени правецот и во јуни 2018 прифати промена на идентитетот. Лагите во политиката, особено во дипломатијата и аматеризмот доведуваат до долеми отстапки на реалноста со претходно кажаното и претставуваат крај за една политичка кариера, а последиците се далекусежни по националните интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)