Позната новинарка и сопруга на текстописецот Огнен Неделковски, Соња Алексоска-Неделковска, со „Фејсбук“ статус испрати апел до сите кои плукаат по македонската музика и сцена.
„Го гледав настапот на Дани на „Пивофест“ на Канал 5. Фантастичен! Растура, може да отпее што сака без да го наметнува сексапилот. А, да ја слушате Тамара, кога ќе згрми, ќе ве укопа. Елена, рај за очи и уши. Лозано, пак, ви ја милува душата. За Каролина не треба ни да зборувам, сѐ е кажно! „Суперхикс“ светски, а наши„ ДНК секогаш нови и свежи! Талеска, Јаневска, Петреска, Панчева….и во опера и на сцена. КВАЛИТЕТ! Слаткар, еден и единствен. Ги има уште мнооогу!
А велите немаме естрада! Никаква ни е сцената! Сигурни сте? А бе, еднаш да ве видев да постирате некоја песна од наш изведувач, па да пукнев!
Музиката, јазикот е наш идентитет! Ако си ја сакаш Македонија, ќе сакаш и сѐ што е македонско!
П.С. Тие пејачи што ги споменав се само дел од естрадата. Голем наклон кон сестрите Кочовски, Арнаудва, Пандиловска, „Љубојна“, фолкери и сите кои со својот труд го штитат македонскиот музички идентитет“, напиша Алексоска-Неделковска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


