
Денеска во селото Галичник завршува 45. Галичка свадба. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа која има потекло од Галичник и Златко Димовски, кои се избрани во конкуренција од четири пара. Тања од својата петта година учестува на манифестацијата, а Димовски неодамна рече дека е подготвен за големиот ден и дека добро ги научил сите обичаи што се белег на Галичката свадба.
Во време на овие два свадбарски денови се одржаа 30 обичаи, а црковната венчавка се одржа во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. На манифестацијата учествуваа околу 100 статисти облечени во галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи, вкупно околу 250 луѓе.
Агенцијата за поддршка на туризмот ја прогласи Галичката свадба за најуспешна туристичка манифестација за минатата година. „Њујорк тајмс“ и „Нешнал џиографик“, пак, ја прогласија за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


