Оскаровката Мира Сорвино (50) изјави дека на аудиција, на која имала само 16 години, до0живеала мачно и травматично искуство, кога, како што тврди таа, кастинг директорот сексуално ја вознемирувал. Не прецизира за кој кастинг директор се работи, само раскажува што точно ѝ се случувало за време на аудиција за еден филм.и.
-Се пријавив за улога во еден хорор филм, а тој се однесуваше многу лошо кон мене, непристојно и непрофесионално. Веројатно сакаше да ме исплаши и да види како ќе изгледа сето тоа на сетот, објаснува таа за „Гардијан“.
Во еден момент ме врза за стол, а она што потоа го направи, едноставно е недопустливо.
-Ми ја повреди раката, на која имав модринки, а потоа во устата ми бутна кондом. Имав само 16 години, бев премлада, фала Богу, за да знам каков воопшто вкус има кондом. На крајот на краиштата, зошто директор би доаѓал на работа, на аудиција, со кондом во џебот, прашува Сорвино.
Таа спомнува уште еден уредник, добитник на Оскар, кој, како што тврди, се бори за правда во светот, а токму тој на аудиција на Мира ѝ рекол: „Знаш, додека те гледам, не ми е едноставно да се воздржам, паметот брзо ми скршнува од твоите уметнички способности на сексуалните“.
Ни овојапт не кажува за кого се работи.
Сорвино е само една од холивудските актерки кои го обвијија Харви Вајнстин (66) за сексуално вознемирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст