Девојчето од Луизијана меѓу првите ќе слета на Марс во 2033 година. Алиса Карсон е 17-годишно девојче кое НАСА во моментот го обучува да стане астронаут.
Нејзиниот сон е да биде првата личност која ќе слета на Марс во првата човечка експедиција која е планирана за 2033 година.
Иако има само 17 години, Карсон ги поседува сите квалификации кои и се потребни за извршување на оваа мисија. Таа е првата личност која ги поминала сите 14 програми при Центарот за посетители на НАСА.
Исто така, Карсон е најмладиот дипломец на Напредната посум академија, која и овозможува да патува во вселената како приправник астронаут.

Паралелно со оваа обука, Карсон завршува средно училиште на четири јазици – англиски, кинески, француски и шпански.
– Најголем предизвик е времето и извршувањето на сите тие работи додека си толку млад и се уште во средно училиште – рекла Карсон.
Пред школувањето и обуката низ која константно поминува, Карсон е и мотивационен говорник. Нејзината цел е да се зголеми интересот за истражување на вселената, како и да се охрабрат луѓето да се пронајдат себеси, пишува интернет страницата „Борд панда“.
„Секогаш следете го својот сон и не дозволувајте никому да ви го одземе“, советува таа. Свесна е дека никогаш нема да може да се венча и да заснова семејство, одлучна е се да остави настрана за да ги оствари своите соништа.
Посебна благодарност, како што вели, им должи на астронаутите, особено на жените, кои и го пробиле патот до ѕвездите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


