Свесен сум за одговорноста што ја носам како претседател на комисијата за избори и именувања, но комплицирана е постапката за избор на нов состав на ДИК, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
– Треба целосна согласност на парламентарните групи. Прв чекор е утврдување на прочистена листа, тоа треба на комисијата за избори и именувања, каде СДСМ има 6 члена, ВМРО-ДПМНЕ 6 и еден Беса на Касами. Второ, листата се праќа до Џафери кој треба да ги извести партиите кои за три дена треба да одговорат со свои предлози. И после комисијата оформува конечна одлука согласност со изборниот законик. Предлогот се доставува до собранието, па се гласа со двотретинско мнозибство. Ако нема усогласеност, процедурата ќе има неуспех. Цела постапка ќе треба од почеток – рече Димовски.
Димовски апелира што побрзо да се усогласат партиите за да не биде притисокот врз собранието и комисијата за избори.
– Јас сум свесен за мојата одговорност но тоа го правам да оставиме простор за договор меѓу партиите. Сме разговарсле со Џафери кога ќе има респонзивност од партиите, да добиеме зелено светло веднаш ќе ја завршиме постапката- вели Димовски.
Причина за закочувањето на постапката според Димовски е одложувањето на законите кои беа договорени во пакетот за гласање двотретински закони.
– Талат Џафери може да ме прескокне но тоа не би било коректно за процесот на избор на ДИК, не би сакале да се доведеме во ситуација да се одложува два месеца, важна е респонзивноста на партиите, рече Димовски без да прецизира до кога ќе им остави време на партиите да се договорат. Сме разговарале со Мицкоски, предлогот за закон за амнестија не е поврзан со изборот на ДИК- додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт
-
Димовски: Сакаат да изберат потпретседатели за да го менуваат Џафери во вечерните часови