| четврток, 6 декември 2018 |

Мирниот марш во Струмица ја исплаши власта, полицајци со панцири и штитови пред општинската зграда (ФОТО)

Иако мирниот марш кој ВМРО-ДПМНЕ денес го организира во Струмица е уредно пријавен, на терен се забележува зголемено присуство на полициски екипи.

Со заштитна ограда е намален просторот пред општинската зграда, а засилен е бројот на полицајци кои со штитови, панцири и шлемови ја обезбедуваа зградата.

Граѓаните кои се таму со чудење се прашуваат зошто е потребно толкаво полициско обезбедување против народот кој денес е собран во Струмица на мирен марш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top