Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака од струмичкиот плоштад дека ниту договор, ниту еден акт не може да ја замре Македонија, затоа што Македонија е вечна, таа е идеја, сон, столетен стремеж. Македонија живее и ќе продолжи да живее во срцата на секој еден од вас, рече Мицкоски, затоа што тоа е татнежот на срцето на секој слободномислечки човек, затоа што надежта дека може подобро е посилна од сите измами смислени од оваа власт.
-И кога сме кај договорот го видовме Зоран Заев како на грчка телевизија се труди да допрел до грчките националисти правдајќи дека имал добар договор, ама добар за по грчки терк. Човек да позавиди како ги брани грчките интереси… камо вака да се залагаше за македонските интереси кога преговараше. Па, вика дека овој договор ги гарантирал грчките интереси – Па каде се македонскит интереси. И додека тука дома вели идентитетот е зачуван во Грција изјавува: идентитетот е чувство, па сети се на Мулето, тука пред оваа зграда кога го фрлија – тоа ли е чувство, Зоране? За тоа ли гинеа Македонците? Не е чувство, Зоране, кога ќе кажеш македонска армија, а грчкото МНР ќе те прекори и ќе ти рече не е тоа Македонска армија, туку армија на северна Македонија. Па не треба ние, Грците го демантираат Заев.
-И нема дилема дека, од една историска дистанца кога ќе се раскажуваат овие времиња, и кога ќе се знае како се договарал овој капитулантски чин, ќе се појави некој Фрчковски кој ќе сведочи на некои нови куферчиња, амфори. Но, Заев не е Глигоров, и овој Зоран, Зоран Заев го видовме како и за многу помалку се нафаќа да сработи.
Мицкоски ги повика насобраните струмичани да ја поздрават полицијата која ја обезбедува струмочката општина. За мирниот протест во струмица беше ангажирано невообичаено многу полицајци обезбедени со панцири и штитови и силно вооружување.
-Не плашете се, ова е мирен народ којс и ја сака татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


