„Ако кренете главата може лошо да ве снајде“ – оваа порака ја испраќа власта со ударот врз самодовербата на нашиот народ и земја, но и со политичките прогони, ги предупреди преку десетте илјади струмичани собрани на градскиот плоштад по протестниот марш одржан низ струмичките улици, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Сакаат да се поколебате, да бидете неодлучни, да бидете потчинети, затоа што кога ќе ви речат „Северномакедонци“, да речете „добро, не можело поинаку“, иако и можело и морало поинаку. Кога ќе ви кажат морало да се избрише зборот Македонија, да си речете: „Еве, барем ќе имаме некаква иднина како другите во Европа“, а во реалноста за да бидеме како Европа потребно е многу работа и посветеност и ништо друго и ништо повеќе. Затоа што кога ќе ви речат економијата е лоша зашто претходно не се работело, да си речете: „Добро, барем се трудат“, иако знаете дека нема да биде подобро, а сега е лошо само затоа што не работат. Затоа им требате неодлучни и затоа целта е напад врз самодовербата, да го контролираат вашиот систем на сфаќања и светолгед, предупреди Мицкоски.
Тој зборуваше и за целта на политичките прогони. Целта на хајката против секој Македонец кој не размислува во рамките на матрицата на власта е да се исплаши народот, потенцира Мицкоски.
-Затоа се и политичките прогони, за да го исплашат народот, а сите оние врз кои сега се срушува тоа политичко сладострастие на реваншизам и ниски страсти треба да бидат показна вежба пред другите. „Ако кренете главата може лошо да ве снајде“, тоа е пораката. ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се товарат за нешто што не го направиле, односно тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка насочена против секој слободномислечки Македонец. Јас ги живеам нивните судбини. И не заборавајте никогаш дека, сепак, има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


