Прогласувањето на Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис за културно наследство од особено значење, ќе донесе поголема заштита на локалитетот, особено на мозаиците.
Има три степени на заштита. Прв степен ќе бидат токму мозаиците, втор степен контактните зони 1 и 2. Со третиот степен ќе се реши проблемот со дивоградбите.
– Каде ќе има одредени услови кои ќе им бидат дадени на луѓето кои живеат во околината,нема да се дозволуваат градби да се градат отпочеток.Додека другите локалитети имаат мака со диви копачи, ние имавме мака со дивите градби, изјави Аница Ѓорѓиевска, археолог.
Ова е прв локалитет во државата каде е извршена ревалоризација на споменичната целина.
-Ова значи и дека ќе треба да се одвојуваат повеќе средства. Ако не се вложуваат средства може да се изгуби вредноста на локалитетот, вели Енгин Насух, археолог.
Режимите за заштита значат и обврска за носење урбанистички планови со што се заштитува и поширокиот регион на локалитетот, затоа што досега се истражени само 10-15%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


