| четврток, 6 декември 2018 |

Голема полициска акција во Струга: Паднаа високи функционери поради дрога

Денес во околината на Струга била изведена  полициска акција при што е приведен директорот на струшкиот затвор.

Заедно со А.Ш. се приведени уште две лица, а еден полициски инспектор успеал да избега.

Неофицијлано, осомничените биле следени подолго време. Директорот на струшкиот затвор е осомничен за можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности. Приведените се на распит во Основното јавно обвинителство во Струга.

Полицијата била во потрага на осуденикот М.К. осуден за убиство и подолго време и бегал на правдата. Двајцата од порано биле познати по нелегални акивности, а имале поддршка од директорот на затворот во Струга каде требало да ги одлежат затворските казни. Имено, директорот на затворот, ги оставал на слобода криминалците и ги информирале за движењата на полицијата.

Во полициската акција, во селата Ливада и Велешта било пронајдено оружје и наркотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top