Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Магазин“ вели дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласи со овој капитулантски договор на СДСМ.
Кога имаме капитулантски договор Заев – Ципрас, кога има услови за наместен референдумски резултат, многумина сметаат дека бојкотот на референдумот може да биде алатка за поништување на таквиот штетен договор. Дали сте спремен да му препуштите на членството, посебно секој Месен комитет, секој Општински и задграничен комитет, да одлучи дали ќе учествува или ќе го бојкотира референдумот?
МИЦКОСКИ: Ви реков дека се променливи околностите и не би сакал да завземам конечен став уште пред да биде распишан референдумот и уште пред да се знае референдумското прашање и неговата формулација. Како ВМРО ДПМНЕ ќе имаме прецизни инструкции за однесување на самиот референдум, но во исто време тоа не значи дека ќе се оди против волјата на членството или пак раководството на партијата може да му наложи со некаков декрет или наредба какви активности мора да превземе секој еден член. Ние сме демократска партија и ги почитуваме демократските принципи на убедување и волјата на мнозинството.
Велите дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име, а во исто време сте кооператвиен и доколку би имало Референдум ќе одите да гласате против! Како тогаш да се сфати она „нема да дозволиме, како нема да дозволите“?
МИЦКОСКИ: Да бидеме прецизни, јас велам дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на Уставното име и тука сум многу прецизен и јасен. И ова го говорам и во минатото и ќе го говорам во иднина.
Во однос на референдумот ви реков дека предвреме не би ги откривал нашите детали околу дејствувањето но бидете сигурни ќе донесеме одлука којае најмудра за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Околу тоа дали сум кооперативен или не, тоа е ваше толкување на работите, но јас ќе ви кажам дека немам намера да правам компромиси со нашите принципи и ставови, иако можеби власта го посакува токму тоа, но јас тоа не го дозволувам. И второ, на крај да знаете декапобедуваат оние кои со мудри потези и дејствувања ја постигнале целта, а нашите цели се јасни и недвозсмислени. И ќе ви кажам дека и многумина ме потцениле, но подоцна длабоко се каеле поради таа проценка, вели Мицкоски во интервју за „Магазин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи