Дете на возраст од 8 години е тешко повредено откако во него удрил автомобил.
Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила вчера околу 15 часот на локалниот пат с.Слупчане – с. Руница, општина Липково.
– Патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (30) од с.Слупчане, а со привремен престој во Швајцарија, удрило во осумгодишно дете од с.Слупчане. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната лекарска помош, било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.