| четврток, 6 декември 2018 |

Го пријавила својот брат во полиција, кога стигнале ги нападнал полицајците

Во текот на вчерашниот ден во 19.30 часот, по претходна пријава од Н.Џ. (49) во Секторот за внатрешни работи Скопје за нарушен јавен ред и мир на улицата „Кипарска“ од страна на нејзиниот брат Ѓ.Џ. (41) на местото на настанот биле упатени двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир.

Како што информираат од МВР, откако дошле, Ѓ.Џ. почнал да им упатува пцовки, навреди и закани на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал, по што Ѓ.Џ. веднаш бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top