| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственик на скопска дискотека претепал гостин

Гостин во скопска дискотека синоќа бил претепан од страна на сопственикот на локалот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи утринава во 03:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.М.(31) пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот додека бил во ноќен клуб во с.Марино од страна на сопственикот на локалот бил насилно изваден од локалот, а потоа бил физички нападнат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од едно лице од обезбедувањето на клубот.

Со возило на Итна медицинска помош М.М. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top