Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема директно да го коментира написот според кој, тој добил понуда од Доналд Трамп Франција да ја напушти ЕУ.
Во април, Трамп му предложил на Макрон Франција да ја напушта ЕУ, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи двајца европски претставници, и му рекол дека ако Париз го напушти блокот, ќе добие билатерален трговски договор многу подобар од оној што ЕУ го добива како целина.
Белата куќа не ги оспори изјавите на функционерите, но одби да коментира, објави веникот.
„Нештата зад затворени врати треба да останат зад затворени врати. Не мислам дека е секогаш добро да ги повторуваме“, изјавил Макрон на крајот од самитот на Европскиот совет во Брисел, кога беше запрашан за пишувањето на „Вашингтон Пост“.
Одговарајќи на прашањето во врска со понудата на Трамп Макрон рече дека нештата што ги имал направено за Европа во текот на една година „повеќе се доволни за да можете да си замислите каков е мојот одговор ако таквото прашање“.
Макрон, беше избран за претседател на Франција во мај минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


