Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики. Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите, потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи.
Според информациите што ги добиле во МНР од полициските органи на Грција, нема пријавени случаи за настрадани македонски државјани во невремето што ја зафати Грција. Од МНР велат дека и кај надлежните полициски служби на „Халкидики“ не биле пријавени такви случаи и оти информаците се проверени и со некои туристички оператори присутни на подрачјето кое го покрива Генералниот Конзулат во Солун.
Доколку имаат проблеми со невремето во Грција, препорачуваат од МНР, македонските граѓани можат да го контактирааат Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун на телефонскиот број: 00306987200410.
Од туристичките агенции кои ги контактираше МИА информираат дека не се откажуваат аранжманите и оти немаат јавувања за поголеми поплавувања на вилите и апартманите во кои се сместени туристите освен дека во некои делови на вториот крак немало струја.
Нема пријави ниту за оштетени возила. Од осигурителните компании велат дека се уште е рано за такво нешто бидејќи пријавата се прави со полициски записник од самото место.
На социјалните мрежи туристи кои во моментот се наоѓаат на летување во Грција секојдневно објавуваат снимки со поплавени улици и возила. Најпогодени од вчерашното невреме се Никити и Метаморфози на вториот крак.
Дописникот на МИА од Атина јави дека најмногу проблеми има на Ситонија каде се поплавени куќи и други објекти. Во Никити поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос е излеана од своето корито. Евакуирани се гости од неколку хотели, а десетина автомобили се оштетени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција