На Халкидики најголеми проблеми има на Стионија, каде се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба.
Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата, што предизвика проблеми во сообраќајот, а водата однела и едно возило, јавува грчката агенција АНА.
Реката Агион Николаосу се излиела од коритото.
Поради поплавата на Ситонија евакуирани се гостите на хотелот Аша марис кај местото Пиргадики. Гостите се евакуирани во хотелот Александрос и сите се добри. Автомобилите претрпеле материјална штета.
Лошото време го зафатило и селото Каналија во Тесалија, каде 30 куќи биле поплавени, пренесува „Катемирини“, а повеќе локални патишта се под вода.
Двајца мигранти загинале, а осум се пореди во сообраќајна несреќа на автопат на северот на Грција, соопшти денеска полицијата. За време на незгодата паѓал силен дожд. Возачот на автомобилот побегнал и полицијата трага по него.
Лошите временски услови донесоа големи проблеми и поплави во уште многу места низ Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)