| четврток, 6 декември 2018 |

На полноќ направете го ова: Тоа што прво ќе го здогледате на Видовден ќе биде пресудно за вашиот живот!

Видовден, еден од најголемите православи празници се празнува на 28 јуни. За Видовден кој посебно го слават Србите и Бугарите, се врзани многу интересни верувања, а на Видовден најмногу му се радуваат девојките, зошто ноќеска може да сонат со кого ќе се омажат.

Имено се верува дека видовата трева, која од дамнина се сметала за билка за гатање, може да им открие кој ќе им младоженец.

Пред Видовден девојките би требало видовата трева, парче леб и малку сол да ги стават под перница и да ги кажат зборовите:

„Виде, Виде! Жити солта и лебот, земјата и небото, кажи ми кој ќе ми биде суден. Нека ми излезе на сон“.

Таа според верувањето треба да го сони својот иден маж.

Верувањето вели дека и мажените жени би требало видова трева да стават под перница пред празникот. Доколку нешто сонуваат таа ноќ, тоа ќе им се случи.

Постои уште едно верувае, а тоа е дека видовата тревата им помага на немажените за кратко време да го запознаат идниот сопруг.

На свети Вид растата две видови треба, видовчица – со јакоцрвен и мал цвет и модар вид, со сличен цвет. Би требало да се пронајдат двете, да се наберат и да се стават под перница, а пред спиење да се изговори:

„Свети Вид невидени, дојди драг мој судени, дојди ноќеска во мојот сон, дојди на мојот прв состанок“.

Тие девојки, како што се верува веќе во наредните денови ќе го запознаат идниот маж.

Инаку Свети Вит е роден во Сицилија, од славни но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година отпочна голем подвиг. Ангели му се јавуваа и го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели. Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет Свети ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но Вит со молитва му го врати видот. Кога татко му сакаше да го убие, на Вит му се јави ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над болните и демоноопседнатите. Повикан од царот Диоклецијан отиде во Рим, каде што го изгони злиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го мачеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но од сите овие маки го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top