
Вчераутро во Полициската станица Неготино, М. Т. (37) од Неготино пријавил дека тој и неговиот брат А. Т. околу 09.00 часот го пронашле починат нивниот татко Б.Т. (62) од Неготино во месноста викана „Дубровски Лаки“ атар на КО – Дуброво. Имено, починатиот Б.Т. завчера околу 13,30 часот од дома се упатил кон реката Вардар, со намера да лови риба и бил недостапен на неговиот мобилен телефон.
По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Неготино. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.
По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


