Вечерва (19 јуни 2018 година) со почеток од 18:30 часот, триото ,,Ад либитум” ќе се претстави со свој концерт во КИЦ на Република Македонија во Софија. На концертот ќе настапат Силвана Чулева Атанасова – флејта, Лазар Соколов – кларинет и Емилија Кабранова Филипова – пијано.
Триото ,,Ад либитум” е формирано во 2015 година. Во својот широк репертоар вклучуваат композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, нивни транскрипции, обработки, модерни и современи композиции. Свои концерти имаат остварено во повеќе градови во Република Македонија, но исто така бележат настапи во Србија, Хрватска и Бугарија. Настапиле и на отвoрања на изложби, промоции на книги и како гости на други музичари. Го имаат снимено нивното прво CD во 2017 година.
Во програмата на концертот во Софија се вклучени композиции од Кокан Димушевски, Anze Rozman, Takashi Yoshimatsu, Guillaume Connesson, Charles Koechlin, Russel Peterson.
Настанот е дел од Годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија и се остварува во соработка со ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.