| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата поради флагрантно кршење на Деловникот и на законите, ја напушта работата на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта работата на Собранието.

Ваквата одлука на денешната прес-конференција на која присуствуваше цела пратеничка група ја соопшти Антонијо Милошоски.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција заради ваквото однесување, прекршување на принципи, закони, Уставот ќе ја напушти работата на Собранието. Не планираме да бидеме соучесници во носењето на штетни договори за Република Македонија кои државата ја доведуваат во потчинета состојба, а истовремено тоа се прави на еден недемократски начин со прекршување на законите на Уставот и на Деловникот – нагласи Милошоски.

Одговарајќи на новинарско прашање Милошоски рече дека органите на ВМРО ДПМНЕ ќе одлучат дали партијата ќе се врати во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top