
Вчера околу 20.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с. Студеничани, скопско, бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш. (28) од с.Марино-скопско.
Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А. (41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата.
Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


