
Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура за ратификација пред пратениците.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува истиот да биде ратификуван до крајот на неделата. За да законот го помине филтерот за ратификација треба да има мнозинство од 61 пратеник. Предлог – законот за ратификација доби европско знаменце, со тоа, ќе се ограничат дискусиите, па по гласањето, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања каде претседател е Артан Груби.
Додека трае процесот на разгледување и гласање, пред Собранието се најавени нови протести против договорот кои го постигнаа Македонија и Грција. Учесниците на вчерашниот протест, рекоа дека денес со почетокот на седницата, ќе започнат со протест во мирна атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


