
Двеста и седум возачи непрописно ги паркирале своите возила поради што се казнети во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Од СВР Скопје денеска информираат дека со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 58 возила.
Според полицискиот билтен, се случиле 11 сообраќајки од кои во пет полесно се повредени 11 лица. Во шест собраќајни незгоди причинета е материјална штета.
Со поголема брзина од дозволената се движеле 58 возачи, а шестмина возеле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи управувале со автомобил пред да се стекнат со возачка дозвола, а исклучени од сообраќај биле и двајца возачи почетници.
Со истечена сообраќајна дозвола возеле 15 возачи, а двајца се исклучени од сообраќај поради технички неисправни возила
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


