
Договорот е патриотски и ни помага да ги концентрираме силите таму каде што има проблем, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас од грчкиот парламент, за време на расправата за гласање недоверба на владата. Коѕијас објасни дека направен е компромис во решението, бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор без компромис“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на декласифицираните документ од грчкото МНР, Никос Коѕијас рече дека добил дозвола да бидат искористени. Ги анализираше понудените предлози на Нимиц (Вардарска Македонија, Горна Македонија, Македонија – Скопје, Северна Македонија) и рече дека сите имиња освен Северна Македонија, биле отфрлени од грчките влади во минатото.
Во однос на договореното име, шефот на грчката дипломатија рече дека во минатото, токму за овој предлог владите коментирале дека е предлог за кој вреди да се разговара и преговара и се осврна на периодот во 2009.
Во 45-минутниот говор, тој на пратениците им ги објасни главните точки од договорот што се однесуваат на јазикот, државјанството, ерга омнес и евро-атлантската интеграција на нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


