| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС се закани со масовни напади на СП во Русија (видео)

Терористичката организација Исламска република (ИСИС) повторно се закани со масовни напади на Светското првенство во Русија. ИСИС преку видеопорака која гласи „Ќе ве изгориме, само чекајте“, им се закани на организаторите на светското првенство во Русија. Во видеопраката се претставени стадиони во пламен, меѓу кои и стадионот во Сочи.

„Невиден масакар“ се заканува ИСИС во знак на одмазда кон Путин и Русија. Овие закани предизвикаа паника кај навивачите во Москва, иако мерките за безбедност се засилени.

Исламската држава упати сериозни закани и кон претседателот на Русија, Владимир Путин, пред само месец дена, а сега испратија закани директно до Москва. Терористите тогаш му порачаа на Путин „дека ќе ја плати цената за убиствата на муслиманите“ и најавија крвопролевање на Светското првенство во Русија.

Инаку, од поодамна ИСИС преку социјалните мрежи со морбидни фотографии се закануваше дека ќе се лее крв низ Русија, притоа заканувајќи се и по најголемите светски фудбалски ѕвезди Лионел Меси (Аргентина), Кристијано Роналдо (Португалија), Нејмар (Брзил)…

Русија има ангажирано преку 15.000 полицајци и војници, а поради заканите од терористички акции, стадионите се бранат од земја и од воздух со ракетни системи и авиони сухои.

 

извор: ako.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top