
Португалскиот гигант Спортинг Лисабон се уште е во криза откако на крајот на изминатава сезона група навивачи, незадоволни од резултатите на тимот, влета во тренинг центарот и нападна дел од играчите. Изминативе неколку недели добар дел од најквалитетните фудбалери на Спортинг ги раскинаа своите договори со клубот меѓу кои беа голамнот Руи Патрицио, Бруно Фернандес и Бас Дост.
За разлика од нив, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовкси е извесно дека ќе остане во Лисабон, а тоа наиде на големо воодушевување кај дел од навивачите. Една од твитер-страниците на Спортинг веќе посочи дека Ристовски заедно со Коатес, Пичини и Матју се мажи со големо М, затоа што решиле да не ги предадат четирите милиони навивачи на Спортинг.
– Што да кажам за Коатес, Пичини, Метју и Ристовски, освен дека се мажи со големо М. Со чест, карактер, лојалност, посветеност – автентични херои. Ви благодарам што не ги напуштивте четирите милиони спортингистас, младите, децата, категориите у15, у17, у19…“, стои во објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


